logo
logo
logo

ОБЈЕКТИТЕ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА ДА БИДАТ ОДДАЛЕЧЕНИ 500 метри од училиштата, предлага Владата

Vecer | 12.05.2026

ОБЈЕКТИТЕ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА ДА БИДАТ ОДДАЛЕЧЕНИ 500 метри од училиштата, предлага Владата

Владата на денешната седница го утврди новиот усогласен текст на предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, со кој по првпат се воведуваат строги ограничувања за рекламирањето на игрите на среќа, информира попладнево на прес-конференција владината портпаролка Венера Азизи.

„Се забранува рекламирање надвор од деловните простории доколку тоа има цел да ги поттикне граѓаните да учествуваат во игри на среќа. Се забрануваат пораки кои коцкањето го претставуваат како пат до финансиски успех, подобар живот или решение за лични и социјални проблеми. Дополнително, се забранува рекламирање преку познати личности и содржини насочени кон малолетници“, посочи владината портпаролка.

Со предлог-законот се предвидува и сите објекти во кои се приредуваат игри на среќа како казина, автомат-клубови и електронски игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта, а во обложувачниците кои се наоѓаат во радиус до 500 метри од училишта нема да биде дозволено поставување електронски видеолотариски терминали и друга опрема за електронски игри на среќа.

Паралелно, институциите веќе преземаат конкретни мерки против нелегалното онлајн коцкање.

Досега се затворени 358 нелегални странски онлајн платформи кои незаконски приредувале игри на среќа на територијата на државата. Станува збор за платформи кои функционирале без лиценца, без контрола и без никаква заштита за граѓаните. И покрај постојаните обиди на нелегалните приредувачи да отвораат нови канали и интернет страници, институциите ќе продолжат со засилени контроли и соодветни законски мерки“, додава портпаролката на Владата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk