Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува и се обраќа на пуштањето во употреба на првите 40 километри од автопатот Кичево-Охрид, на потегот од Врбјани кон Охрид, со прекин кај Ботун.
Заедно со него е и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, како и директорот на ЈПДП Коце Трајановски.
Останатиот дел од автопатот, според официјалните информации, би требало да заврши до крајот на 2026 година.
Вкупната должина на автопатот изнесува 57 километри.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата