logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ ИМА ГОЛЕМА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ, очекува убедлива победа

Vecer | 26.10.2025

ВМРО-ДПМНЕ ИМА ГОЛЕМА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ, очекува убедлива победа

ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од локалните избори влегува со јасна предност и силна поддршка од мнозинството граѓани. По историската победа во првиот круг, ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места и 33 општини, со зголемување од над 11.000 гласови во однос на претходните локални избори, велат во партиското соопштение од владејачката партија.

На 2 ноември следи втор круг во 27 општини, од кои во 20 ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност, вклучително и во Град Скопје.

Овие резултати ја потврдуваат довербата на граѓаните во чесното, одговорно и транспарентно работење на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Изминатите четири години беа период без скандали, без афери и без местени тендери, беа периоди на посветеност, реална работа и конкретни резултати во интерес на граѓаните. Така планираме и понатаму да продолжиме.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани на 2 ноември масовно да излезат на гласање и да ја потврдат победата што веќе започна.

Глас за број 9, глас за вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk