logo
logo
logo

Мицкоски и министрите на посетија величествената „Џамија Шеик Зајед“, архитектонско ремек-дело симбол на духовност, толеранција и единство

Vecer | 14.04.2025

Мицкоски и министрите на посетија величествената „Џамија Шеик Зајед“, архитектонско ремек-дело симбол на духовност, толеранција и единство

Во рамките на официјалната посета на ОАЕ, заедно со владината делегација премиерот Христијан Мицкоски ја посети величествената „Џамија Шеик Зајед“ во Абу Даби.

Таа преставува архитектонско ремек-дело изградено од бел мермер, симбол на духовноста, толеранцијата и единството.

-Оваа џамија не само што претставува едно од највпечатливите верски и културни обележја на Емиратите, туку и место што ги спојува традицијата и современоста, отворајќи врати за луѓе од сите вери и нации.

Посетата остави силен впечаток и претставува потсетник на значењето на меѓусебното почитување, разбирање и дијалог меѓу народите, објави премиерот Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk