logo
logo
logo

81 ГОДИНА СЛОБОДА: Скопје го одбележува 13 Ноември – денот на ослободувањето

Vecer | 13.11.2025

81 ГОДИНА СЛОБОДА: Скопје го одбележува 13 Ноември – денот на ослободувањето

Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна — еден од најзначајните датуми во историјата на македонската престолнина.

Во чест на овој ден, делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани, како и на споменикот „Ослободители на Скопје“ на платото пред зградата на Владата.

Традиционално, Град Скопје ќе ја додели Наградата „13 Ноември“ на поединци и институции кои со својата работа и посветеност придонеле за развојот, афирмацијата и унапредувањето на главниот град.

На 13 ноември 1944 година, борците од 42-та и 50-та дивизија на Народноослободителната македонска војска, заедно со 16-та македонска бригада, по неколкудневни жестоки борби со германските сили, го ослободија Скопје од фашистичката окупација.

Во борбите учествувале и припадници на 22-та германска гренадирска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк, како и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија и тврдинската бригада „Ангермилер“, распоредена пред Качаничката клисура. По победоносниот марш, македонските борци влегоа во градот и го означија почетокот на новото, слободно Скопје.

Во борбите за ослободување на градот загинале 420 македонски борци, а за време на целата војна животот го загубиле над 4.600 скопјани.

Македонија беше дел од антифашистичката коалиција, а според историските податоци, за време на Втората светска војна загинале околу 33.000 луѓе, меѓу кои и над 7.000 македонски Евреи, депортирани во нацистичкиот логор Треблинка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk