logo
logo
logo

Болницата во Кичево ќе биде завршена за две години со британска поддршка

Vecer | 24.06.2025

Болницата во Кичево ќе биде завршена за две години со британска поддршка

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе продолжи изградбата на нова болница во Кичево. Проектот ќе се реализира во рамки на стратешко партнерство со Обединетото Кралство и Северна Ирска.

-Реконструкцијата, односно изградба на нова болница со здравствен дом во Кичево е дел од стратешкото партнерство кое го потпишавме со Обединетото Кралство и Северна Ирска и во рамки на тоа ова ќе биде отпочнато и завршено и очекуваме во рамки на две години да се изгради, целосно опреми и пушти во употреба, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција по одржаната владина седница.

Дополни дека тоа, како што рече, „ќе биде еден современ, европски проект со најсовремена опрема која ќе служи за граѓаните од тој дел“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk