Дојави за поставени бомби денеска испразнија два трговски центри во Скопје. Министерството за внатрешни работи утрово добило електронска порака дека во „Ист Гејт“ и „Дајмонд“ се поставени експлозивни направи, за кои, по направената истрага, било утврдено дека се лажни.
„Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектите, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави за бомби“, велат од МВР.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата