logo
logo
logo

Каде да го одложите органскиот отпад за Курбан Бајрам?

Vecer | 26.05.2026

Каде да го одложите органскиот отпад за Курбан Бајрам?

Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена Скопје и годинава ќе постави специјални контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот). Садовите ќе бидат поставени во текот на денешниот ден (26.05.2026), по 14 часот.

ЈП Комунална хигиена апелира до верниците органскиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што неговото исфрлање на јавни површини може сериозно да го загрози јавното здравје и да ја загади животната околина.

На овие локации ќе бидат поставени контејнерите за одлагање органски отпад:

Општина Шуто Оризари – автобуска станица на последна 19-ка; кај маркет Харбин.

Општина Бутел – во близина на џамијата Бедр – Бутел 1.

Општина Гази Баба – гробишта Камник; во непосредна близина на џамијата во нас.Ченто.

Општина Чаир – во близина на ресторанот Фа-Фа; во близина на новата џамија во Чаир; во близина на џамијата во Тенеке маало; во близина на Теќето во Дуќанџик; раскрсница бул.Адем Демачи со ул.Дижонска; раскрсница ул.Џон Кенеди со ул.22 Ноември.

Општина Сарај –кај езерото Треска.

Општина Арачиново – на излезот, во близина на гробиштата.

Општина Студеничани – во селата Студеничани, Моране и Батинци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk