logo
logo
logo

Мицкоски до опозицијата: 7 години УСПЕШНО ОГРАБУВАВТЕ, срамот кој му го нанесовте на народот и на Македонија ќе ве следи до крајот на животот

Vecer | 04.10.2025

Мицкоски до опозицијата: 7 години УСПЕШНО ОГРАБУВАВТЕ, срамот кој му го нанесовте на народот и на Македонија ќе ве следи до крајот на животот

Ова не се само локални избори. Кога се само локални избори и кога значењето на тие избори е само за локални проблеми, тогаш зборуваме за нови патчиња, лици, булевари, градинка, училиште…

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од денешниот народен митинг во Јегуновце.

-Овие локални избори имаат државно значење, многу е важно да испратиме и политичка порака до нашиот политички противник и до граѓаните на Република Македонија. Ние го трасираме патот во годините кои следат, најавуваме пред граѓаните што не очекува како предизвик, но и што ќе работиме, на што е се фокусираме. До политичкиот противник ќе испратиме порака да извлече поука за грешките кои ги прави и тие грешки да не ги повторува во иднина бидејќи на нашата Влада потребна и е конструктивна опозиција со која ќе се натпреваруваме преку идеи, аргументи, програма. Нема да се натпреваруваме како денеска во оваа кампања, која опозицијата ја започна спротивно на сите теории и пракси, само со црна кампања, со напади фокусирани најчесто кон мене, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека го напаѓаат затоа што немаат ништо за фалење, туку само за срамење.

-Тие 7 години единствено нешто што успешно го работеа беше ограбувањето, криминалот и корупцијата кои владееја, бандите кои царуваа и националното и државно распродавање, срамот кој го нанесоа на македонскиот народ, на македонските граѓани и Македонија како држава. Тоа ќе ги прати до крајот на нивните животи, порача Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk