logo
logo
logo

Сиљановска-Давкова со генералниот секретар на Постојаниот арбитражен суд во Хаг, Марцин Цепелак

Vecer | 24.06.2025

Сиљановска-Давкова со генералниот секретар на Постојаниот арбитражен суд во Хаг, Марцин Цепелак

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остварила средба со генералниот секретар на Постојаниот арбитражен суд во Хаг, Марцин Цепелак, на која искажала загриженост за актуелната безбедносна состојба во светот и ја истакнала потребата од праведен и постојан мир.

Како што информира Кабинетот на Сиљановска-Давкова, според претседателката, решенијата за денешните предизвици „мора да се бараат во рамките на мултилатералниот систем“, при што се заложила за „зајакнување на улогата на Генералното собрание и преиспитување на механизмите за одлучување на Советот за безбедност“.

Во време на зголемени глобални тензии, оцени таа, институциите како Постојаниот арбитражен суд се неопходни за зачувување на меѓународниот мир и стабилност. Таа укажа дека за сите држави, а особено за малите и средните, почитувањето на меѓународното право претставува не само правна обврска, туку и морален императив. Претседателката ја истакна нашата подготвеност за зајакнување на соработката со ПАС преку потпишување меморандуми за разбирање, развивање партнерство со универзитетите и можности за пракса на младите професионалци во областа на меѓународното право, со што се согласи Генералниот секретар на судот, Марцин Цепелак, се наведува во соопштението. 

Цепелак ја запознал претседателката Сиљановска-Давкова со историјата на Палатата на мирот во којашто е сместен Постојаниот арбитражен суд, со работата на судот и процедурите на одлучување. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk