logo
logo
logo

Време е за зрелост и одговорност

МИЦКОСКИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Државата чека реформи, тие со денови се натегаат кој кого да покани на состанок!

Vecer | 15.07.2026

МИЦКОСКИ ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Државата чека реформи, тие со денови се натегаат кој кого да покани на состанок!

Премиерот Христијан Мицкоски упати апел за зрелост до опозициските партии, повторувајќи го предлогот до опозициските партии за надминување на политичкиот ќорсокак околу измените на Изборниот законик. Тој повтори дека владината коалиција е подготвена бланко да го поддржи предлогот на опозицијата, под единствен услов – во него да биде гарантирано правото на глас на македонската дијаспора.

Мицкоски упати сериозни критики за досегашното однесување на опозициските лидери, обвинувајќи ги за незрелост, тактизирање и натегање околу технички детали во моменти кога државата треба да испорача клучни реформи.

„Имаме работа со неодговорни и незрели политичари во опозицијата. Ние, како владина коалиција, го усогласивме нашиот став и на маса им кажавме, еве, договорете се напишете го, се додека гласањето на дијаспората е вклучено во истиот, ние бланко ќе го поддржиме. Поминаа денови, тие се натегаа кој кого ќе го викне и каде ќе се одржи тој состанок помеѓу опозицијата. Денеска ги повикувам на зрелост и одговорност. И претседателите на ДУИ, СДСМ, Левица, крилата на Зијадин Села, на Арбен Таравари, да седнат заедно, како опозициски партии, да се договорат“, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk