logo
logo
logo

СТРАТЕШКИ ПРОEКТ Е ВО ТЕК: Коридорот 8 за нас, но и за НАТО има клучна важност

Vecer | 26.04.2026

СТРАТЕШКИ ПРОEКТ Е ВО ТЕК: Коридорот 8 за нас, но и за НАТО има клучна важност

Вицепремиерот Александар Николоски изјави дека Коридор 8 добива сè поголемо стратешко значење, нагласувајќи дека Европската унија го препознала како еден од клучните безбедносни правци во рамки на НАТО.

„ЕУ многу се заинтересирани за Коридор 8. Го прогласија за втор најзначен безбедносен коридор во НАТО Алијансата, затоа што почнува во Италија преку Драч, Тирана, Охридското езеро, Скопје, Деве Баир, Софија, Бургас и Врана и завршува во Одеса и е многу значаен во овие глобални случувања“, изјави Николоски. 

Тој посочи дека паралелно со Коридор 8, значајна улога има и Коридор 10, кој, според него, претставува најдолгиот и највитален транспортен правец во регионот.

„Додека коридор 10 е најдолгиот и највитален коридор, започнува во пристаништето Пиреа и завршува во Хелсинки, така што многу се заинтересирани за двата коридори“, рече Николоски.

Вицепремиерот нагласи дека Македонија има специфична геостратешка предност бидејќи двата паневропски коридори се вкрстуваат на нејзина територија.

„Ние имаме среќа што двата пан европски коридори се сечат источно од Скопје, а третиот европски коридор 4 поминува паралелно со нас во Бугарија, така што имаме уникатна положба и се обидуваме да ја искористиме“, изјави тој.

Според Николоски, целта е оваа позиција да се претвори во конкретна економска корист за граѓаните.

„Оваа географска позиција сакаме да ја искористиме и да донесе економски бенефит за граѓаните и подобар живот на граѓаните“, додаде Николоски. објави Скопје1.мк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk