logo
logo
logo

Решено е прашањето за ПЛАТАТА во Инспекторатот за употреба на јазиците

Vecer | 24.06.2025

Решено е прашањето за ПЛАТАТА во Инспекторатот за употреба на јазиците

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција соопшти дека е решено прашањето за платата на вработените во Инспекторат за употреба на јазиците и дека ќе се воспостават заеднички контроли (One Stop Shop) на граничните премини за меѓународен патен сообраќај Табановце (Република Македонија) и Прешево (Република Србија).

-Тоа се две убави работи за македонските граѓани кои денеска се случија. Првата е што помина „One Stop Shop“ со Србија и со Косово и сега на северната граница не очекувам да има толкав метеж како што беше досега. Десет милиони патници овој период поминуваат низ територијата на државата, дел одат во други земји и на годишни одмори. Конечно по толку месеци се реши прашањето за луѓето и за платата на луѓето во Инспекторат за албански јазик, рече премиерот Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Македонското Собрание денеска во рамки на 55. седница го донесе Законот за ратификација на Листата за измена на Листата на специфични обврски и Дисциплини за домашна регулатива во услугите и Законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничните премини за меѓународен патен сообраќај Табановце (Република Македонија) и Прешево (Република Србија).

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити рече дека граѓаните секојднево го чувствуваат отворањето на „One Stop Shop“ на граничниот премин Долно Блаце – Елез Хан и најави дека на 5 јули 2025 година да се отвори и со ГП Табановце. Додаде дека тоа е многу важно и ќе биде олеснување за дијаспората и за српските државјани, кои, како што рече, патуваа и порано чекаа со часови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk