logo
logo
logo

„СДС НЕКА СИ ЖИВЕАТ ВО СВОИТЕ ЛАГИ, таков тип на однесување и потреба од наша страна апсолутно не постои“

Vecer | 19.04.2026

„СДС НЕКА СИ ЖИВЕАТ ВО СВОИТЕ ЛАГИ, таков тип на однесување и потреба од наша страна апсолутно не постои“

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговори на естрадното тврдење на СДСМ дека власта ангажирала странска компанија да ги следи.

- Што се однесува до некакви си компании што треба да го следат раководството на СДСМ, мислам дека таков тип на однесување и потреба од наша страна апсолутно не постои, ниту пак тоа е дел од мојот карактер, ниту пак имам некаква намера да се занимавам со такви естрадни политики, одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање откако вчера опозицијата обвини дека власта ангажирала приватна разузнавачка агенција да ја следи.

– Јас сум фокусиран на развојот на државата и подобри услови за живот на граѓаните имајќи ги предив тешките времиња во кои живееме. А политичките партии кои живеат во својот сопствен свет на лагите ги оставам да останат таму и за жал од ден на ден сѐ повеќе се маргинализираат и ги разочаруваат граѓаните – додаде Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk