Македонската економија е рангирана на 4-то место според растот на БДП во првиот квартал и се наоѓа веднаш зад Ирска, Данска и Полска, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција.
– Во првиот квартал на 2025 година, реалниот раст на БДП, откако е избрана оваа влада, изнесува повеќе од 3%, додека, пак, прилагодениот раст изнесува 3,2%, тоа е бројката што ја објавува Еуростат. Тоа е многу значајно и ова не е случајност. Доказ дека резултатите загарантирано доаѓаат кога државата се води со знаење, трпеливост и истрајност. Знаевме дека не смееме да губиме време. Отворивме ново поглавје на економски раст и тоа е сериозен сигнал дека реформите даваат резултати. Ако сакаме до 2030 да бидеме уште повисоко на листата, мора да го одржуваме просекот кој треба да биде повисок од 4% – изјави премиерот.
Тој додаде дека ова е резултат на храброст, визија и многу работа.
- Можеме слободно да кажеме дека економијата конечно се стабилизира во рамките на 3 и +3%, нешто што порано беше невозможна мисија, порача Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата