Министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека е објавен Јавен повик за доделување вредносен ваучер за студенти за набавка на електронски уреди.
Андоновски во објавата на фејсбук потенцира дека според ветувањето на Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, објавен е јавниот повик од Владата за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди: преносен компјутер (лаптоп или All-in-One), таблет или персонален компјутер.
Кој има право да аплицира?
-Сите студенти на прв циклус студии државјани на Република Македонија;
-Запишани (редовно или вонредно) во учебната 2025/2026 година на државни или приватни високообразовни установи во земјата;
-Не постари од 29 години на денот на објавување на повикот.
Рок и број на ваучери
Апликации се поднесуваат електронски преку порталот uslugi.gov.mk до 20 декември 2025 и/или до исцрпување на ваучерите.Вкупно 55.000 вакви ваучери ќе бидат доделени.Аплицирај сега и обезбеди свој уред за учење!
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата