logo
logo
logo

ПАУЗА! Пролетта малку ќе почека, следат поинакви денови наредната недела

Vecer | 14.03.2026

ПАУЗА! Пролетта малку ќе почека, следат поинакви денови наредната недела

Пролетното време на кое сите му се израдуваа набргу завршува, помалку сонце а повеќе облаци, па и дожд со пад на температурите. Следи пролетна пауза.

Територијата на Македонија викендов (14 и 15 март) ќе биде под влијание на висински циклонски систем, кој ќе донесе променливо време со локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи.

Утрото и претпладнето ќе бидат претежно стабилни и сончеви, но во попладневните часови се очекува зголемена облачност и развој на конвективни облаци, што на повеќе места ќе донесе локален дожд, повремени грмежи и засилување на ветерот.

На високите планини, над 1900 до 2000 метри надморска височина, ќе има услови за повремен снег.

Температури:

  • Утринските температури во повеќе делови од земјата ќе се спуштаат околу нулата или малку под нулата.
  • Дневните температури ќе се движат од 12 до 18 степени.

Во Скопје и околината исто така се очекува сончево утро, а попладне локален дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се спушти околу 0 степени, додека дневната ќе достигне околу 17-18 степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk