Мицкоски ја оцени лидерската средба како плодна дискусија и дебата која во одредена мерка била полна со предлози и идеи, а за голем дел од прашањата што се отвориле присутните имале исто мислење.
– За мене е важно што сите чинители оценија дека средбата била конструктивна. За мене како организатор тоа претставува задоволство затоа што македонската јавност можеше да види едно зрело, конструктивно однесување на политичарите. Предложив вакви средби да се случуваат почесто. Беше прифатено дебатата по неколку прашања да продолжи во рамките на Собранието. Убеден сум дека за сите прашања и закони за кои е потребна итност ќе се најде решение и ќе бидат надминати. За мене акутно е и во најскоро време треба да се најде решение, е Законот за прекршоци за да може Сејф сити да почне да функционира од 1 февруари. За овој закон е потребно двотретинско монзинство, не е потребно Бадентерово мнозинство – рече Мицкоски.
Сите присутни се согласиле дека техничката влада треба да замине во минатото. Мицкоски смета дека треба да се покаже и пред меѓународната заедница дека сами можеме да донесеме зрели одлуки.
– Денеска видовте дека една коалиција отсуствуваше. Мојот предлог беше да не го правиме укинувањето на техничката влада насила без нивна согласност, туку да донесеме измени со кои нема да се опфатат следните избори, туку некои следни кои ќе следат потоа. Некои измени треба да се направат затоа што сега има поделби на ресори како што се, на пример, во Министерството за администрација и Министерството за труд и за економија. Треба да се допрецизира каде овие заминик министри ќе бидат номинирани. Сме подготвени ако веќе нема согласност кај сите да се избрише техничката влада, барем тоа да се направи за изборите потоа – рече Мицкоски.
Тој додаде дека ќе се бараат креативни решенија за избор на народен правобранител. Се разговарало и за начинот на гласање на дијаспората.
– Ја ценам оваа средба како еден нов начин и нов пристап на решавање на проблеми, а не генерирање на проблеми. Мораме да зрееме во процесот и навистина сум задоволен што после 35 години имавме лидерска средба во која се нудеа решенија, а не се генерираа конфликти – заклучи Мицкоски.
Мицкоски истакна дека за дел од отворените прашања се има исто мислење и дека средбата била конструктивна.
- Голем дел од отворените прашања се отворија. За дел од, би рекол за поголем дел од тие поголеми отворени прашања имаме исто мислење, имаме заеднички јазик, за едел нормално позициите ни се разликуваат. Но, она кое што за мене важно е преку една ваква дискусија во која што сите чинители на оваа лидерска средба кои што беа присутни кажаа јавно пред вас новинарите и македонската јавност дека истата била конструктивна, истакна премиерот.
- Македонските граѓани во овој период на празници можеше да види едно поинакво однесување од политичките чинители, здрело и конструктивно однесување кое што значи надминување на проблемите, рече меѓудругото премиерот Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата