logo
logo
logo

Пресретнувачот на МВР го „улови“ несовесниот возач: РАДОВИШАНЕЦ „ЛЕТАЛ“ СО 178 НА ЧАС

Vecer | 30.03.2026

Пресретнувачот на МВР го „улови“ несовесниот возач: РАДОВИШАНЕЦ „ЛЕТАЛ“ СО 178 НА ЧАС

Возило-пресретнувач на МВР измери брзина од 178 километри на час на експресниот пат Штип–Радовиш. Возач од Радовиш бил санкциониран затоа што возел далеку над дозволените 110 км на час надвор од населено место, информираше Министерството за внатрешини работи.

„Управувањето на моторни возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди“, предупредуваат од МВР.

Контролата се случила во 18:55 часот на експресниот пат Штип–Радовиш. Полициски службеници од Мобилната единица со помош на специјално возило пресретнувач ја измериле брзината кај патничко возило „мерцедес“ со скопски таблички.

Против возачот П.К.(33) од Радовиш се преземени соодветни мерки.

Од МВР најавуваат засилени контроли и во наредниот период.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk