logo
logo
logo

ОВА СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА УВОЗ НА АВТОМОБИЛИ, ќе биде побрзо и поефтино

Vecer | 01.09.2025

ОВА СЕ НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА УВОЗ НА АВТОМОБИЛИ, ќе биде побрзо и поефтино

Од 1. септември стапија во сила изменетите правила за увоз на возила кои носат вистинска револуција за сите граѓани и компании што сакаат да внесат автомобил од странство.

Според новиот Правилник, сите возила кои веќе имаат европско или македонско одобрение повеќе нема да поминуваат долги и комплицирани постапки за единечно одобрување. Ќе се врши само проверка на техничката исправност и идентификација, што значи двојно побрзо завршување на целата процедура.

Единечно одобрување ќе биде потребно само за возила без претходно издадено национално или европско одобрение, а за нивната проверка ќе се грижи Бирото за метрологија. Роковите за одобрување се преполовени, што ќе донесе уште поголема ефикасност и заштеда на време.

Најголемата предност е финансиската – наместо околу 1,3 милиони евра годишно кои досега завршуваа кај странски компании за TÜV потврди, сега тие пари ќе останат во Македонија. Потврдите ќе ги издаваат домашни овластени застапници, по цена од само 40 до 50 евра, што е значително пониско од досегашните трошоци.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини нагласува дека конечно, по 17 години, Законот за возила почнува целосно да се применува во согласност со европските стандарди – олеснувајќи ја процедурата, намалувајќи ги цените и заштедувајќи им пари на сите граѓани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk