logo
logo
logo

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ПРЕД ПРИЛЕП. Има загинати и повердени, претежно млади луѓе

Vecer | 04.11.2025

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ПРЕД ПРИЛЕП. Има загинати и повердени, претежно млади луѓе

Двајца луѓе загинаа, а петмина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патот Прилеп-Росоман, соопшти Прилепското обвинителство. Според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судир на автомобили кои се движеле во иста насока. Еден од загинатите е возачот на едната кола која учествувала во несреќата.

„На местото на настанот увид извршил дежурен јавен обвинител, кој издал наредби за прибирање на траги и докази, како и за изработка на сообраќајно и машинско вештачење на возилата. Врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција, додека кај преживеаниот возач ќе се испитува евентуално присуство на алкохол или други психоактивни супстанции“, велат од Обвинителството

Во меѓувреме, доктор Ненад Лазаров на социјалните мрежи сподели информација дека бил сведок на страшната сообраќајна несреќа. Тој вели дека запрел за да им помага на повредените и оти она што го видел не може да се опише со зборови, туку било „повеќе од хорор“. Сите повредени и загинатите, според него, се млади луѓе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk