logo
logo
logo

ЛУДИЛО ВО СОБРАЌАЈОТ - 2.500 казни за 3 дена

Vecer | 17.07.2025

ЛУДИЛО ВО СОБРАЌАЈОТ - 2.500 казни за 3 дена

Полицијата издала вкупно 2.490 платни налози за три дена од 14 до 17 јули по основ на разни прекршоци во сообраќајот на патиштата.

Поради неприлагодена брзина на движење изречени се 513 прекршоци, за неправилно паркирање 657, а 251 учесник во сообраќајот е отстранет од сообраќај поради непоседување возачка дозвола.

За 89 учесници во сообраќајот изречени се прекршоци за некористење сигурносен појас, 103 лица се санкционирани за користење мобилен телефон при управување со возило и уште 153 лица поради неносење заштитна кацига.

Покрај ова евидентирани се девет случаи на минување на црвено светло, а изречени се дури 185 прекршочни платни налози за пешаци, додека пак од сообраќај се отстранети 26 возачи заради управување возило под дејство на алкохол.

Согласно Законот за возила во посочените три дена од неделава се изречени 12 прекршоци по основ на технички неисправни возила и 56 по основ на возила коишто не биле регистрирани.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk