logo
logo
logo

Дали од Македонија, поради нашите помали цени, се извезува нафта и бензини во соседството?!

Vecer | 01.05.2026

Дали од Македонија, поради нашите помали цени, се извезува нафта и бензини во соседството?!

Во овој момент остануваме на мерката намалено ДДВ на 10 отсто за бензините 95 и 98, како и на мерката намалени акцизи. Дизел горивото од понеделник очекувам да биде поевтино, а ДДВ за него ќе остане 18 проценти.

По напорни и тешки преговори со „Окта“ успеавме да го продолжиме попустот што претходно беше договорен – дополнителни два денари по литар за бензините и три денари за литар дизел. И тоа ќе трае до 18 мај. Дотогаш имаме договор, а за потоа ќе видиме. Се надеваме дека ќе заврши кризата и дека ќе можеме да влеземе во нормална состојба, но да почекаме. Важно е дека попустите продолжуваат за сите компании што добиваат бензини и дизел од „Окта“- изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски е изненаден од тоа што, наводно, некои компании кои го користат овој попуст, прават реекспорт на бензините и дизелот во соседните држави, но ваквите информации, како што нагласи, сѐ уште се проверува дали се точни.

Она што мене ме изненади, а го проверуваме дали е точно, е фактот дека некои од компаниите што го користат овој попуст, прават реекспорт на бензините и дизелот во соседните држави. Јас апелирам, ако е тоа точно, а проверуваме дали е точно, дека нема потреба тоа да го прават бидејќи ние не ги затворивме границите за граѓаните од нашите соседи. Тие и сега слободно ги точат гориво на бензинските пумпи во Македонија. Нема потреба од ваков тип шпекулативно однесување доколку е точно, а ние проверуваме дали е тоа точно бидејќи таа информација ја добивме. Има држави кои забранија реекспорт, износ на нафти и нафтени деривати, ние тоа не го направивме како држава- истакна премиерот.

На новинарско прашање дали ќе се оди со намалување на ДДВ за нафтените деривати, премиерот уште еднаш кажа дека според податоците на Меѓународниот монетарен фонд, Македонија е трета земја во Европа според имплементацијата на мерки со кои се штити стандардот на граѓаните.

-Имаме убедливо најниски горива кои се за 30 до 50 проценти поевтини од горивата во соседството. Во овој момент остануваме на мерката намалено ДДВ за бензините, 95 и 98 октански, на 10 отсто. Остануваме на мерката намалени акцизи.

Просекот на плата за бензините ќе значи намалени акцизи за два денари за литар, а за дизелот четири денари за литар, она што е просек од втората половина на април.

Така ќе биде следниве две недели. Што се однесува до ДДВ-то кај дизел горивото, тоа ќе остане на 18 проценти и со тоа нашето дизел гориво е 30 до 50 евроценти по литар поевтино од дизел горивото во соседството денес. Очекувам од понеделник да биде и повеќе поевтино, имајќи предвид дека најголемиот дел од земјите од соседството, Србија, денеска ќе ги определи новите цени, а останатите држави од понеделник и вторник како и секогаш- рече премиерот кој во Охрид присуствуваше на поставување камен-темелник на изградба на катна гаража, позади Градскиот пазар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk