logo
logo
logo

Шок од Собранието

СОСЕД ОД ЕУ РАБОТИ МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ БЕЗ ЕВРОПСКИ ПАРИ, кажа Мицкоски

Vecer | 25.06.2026

СОСЕД ОД ЕУ РАБОТИ МАКЕДОНИЈА ДА ОСТАНЕ БЕЗ ЕВРОПСКИ ПАРИ, кажа Мицкоски

Соседна држава, која е членка на Европската Унија, користи дипломатски канали за да шири опасна теза и да лобира кај останатите партнери, на Македонија да ѝ се скратат сите европски фондови и финансиска помош! Оваа информација денеска ја обелодени премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница, одговарајќи на пратенички прашања.

Според неговите зборови, зад ова стои јасна и подмолна стратегија: сопирање на македонскиот напредок и туркање на државата кон економски колапс.

„Ако ЕУ ѝ помага, Македонија ќе напредува. Затоа нивната теза е дека ако нема ЕУ фондови за земјава, тогаш таа ќе дојде пред банкрот, ќе биде приморана да клекне, да моли и на тој начин да се реализира тоа коешто се бара од нив“, истакна Мицкоски.

Премиерот објасни дека овие сериозни сознанија доаѓаат директно од неговите неодамнешни мултилатерални и билатерални средби со високи странски претставници, но одлучи во овој момент јавно да не открива за која соседна држава точно станува збор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk