logo
logo
logo

Родителите бараат одговорност и правда по трагедијата во Кочани

Vecer | 21.06.2025

Родителите бараат одговорност и правда по трагедијата во Кочани

Родителите на загинатите во големиот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ на 16 март, повторно маршираа низ Кочани изразувајќи незадоволство од реакциите на институциите. Ова е десетти пат по ред како тие излегуваат на протест, со свирежи и извикување критики пред неколку клучни локации – меѓу кои кафулето на сопственикот на „Пулс“, Општина Кочани, полициската станица, судот и обвинителството.

Родителите јавно побараа одговори од надлежните органи. Инсистираа на средба со Обвинителството и поставија прашања до министерот за внатрешни работи, зошто полицијата контролирала објект кој немал лиценца и работел со блокирана сметка. Дополнително, прашаа дали полицајците кои во кобната вечер вршеле контрола присуствувале поради сомнение за дрога и дали постапиле по закон.

Пред полициската станица, една мајка истури прашкаста супстанца, алудирајќи на дрогата која се барала од посетителите во дискотеката таа ноќ. Свој говор одржа и еден татко на кој му загинало дете во пожарот, кој тврдеше дека полицијата врши притисок врз младите да не сведочат во истрагата.

Пред судот и обвинителството, родителите го повторија прашањето: Зошто објектот „Пулс“ не бил затворен, иако 217 дена работел со блокирана сметка?

Пред неколку дена, овие семејства беа повикани на увид во обвинението кое ги опфаќа 34 физички и 3 правни лица во овој случај.

На крајот, родителите побараа следниот протест да биде масовен, со учество од луѓе од цела држава, со цел вакво трагично настани да не ги снајдат други семејства.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk