logo
logo
logo

„Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе се соочат со правдата и ќе одговараат“

Vecer | 24.02.2026

„Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе се соочат со правдата и ќе одговараат“

ВМРО-ДПМНЕ апсолутно го разбира и оправдува револтот на граѓаните по одлуката на правосудните органи за куќен притвор на криминалецот Артан Груби, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ги поздравувавме и Владините институции кои си ја завршија работата и го доведоа пред лицето на правдата, криминалецот Груби кој избега пред година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната Лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра.

Очекуваме одлуката на судот да биде во заштита на правдата, а не соучесник во неправдата.

Но, она коешто е уште поважно е дека СДС, партијата која соработуваше и молчеше кога Груби правеше криминал, се исплаши до срж, затоа што не знаат што се Груби може да каже. Дали имаат страв дека неговиот исказ ќе оди до поранешен претседател на СДС и премиер на Македонија? Затоа ли вртеа по телефони интересирајќи се за исказот на Груби? Кого може Груби да повлече со него, дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ и други?

Почитувани, вистината е една и единствена, Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе се соочат со правдата и ќе одговараат. Затоа е и паниката и нервозата во редовите на СДС, стравот од одговорност им влегол длабоко во коски.

Судскиот процес за Груби, екс вицепремиерот и министер во владата на СДС, почнува допрва, по судските клупи друштво ќе му прават и сите негови криминогени ортаци.

Правда ќе има“, вели Петрушевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk