logo
logo
logo

По два сомнителни пописи, ЌЕ БИДЕ ЛИ СЛЕДНИОТ СО ЛЕГАЛИТЕТ И ЛЕГИТИМИТЕТ - ЌЕ БИДЕ ЛИ ЕЛКТРОНСКИ?

Vecer | 06.04.2026

По два сомнителни пописи, ЌЕ БИДЕ ЛИ СЛЕДНИОТ СО ЛЕГАЛИТЕТ И ЛЕГИТИМИТЕТ - ЌЕ БИДЕ ЛИ ЕЛКТРОНСКИ?

Македонија, од самостојноста, имаше три пописи: во 1994, 2002 и 2021 година.

Зоран Крстевски, претседателот на Државната пописна комисија за Пописот во ноември 2002 година, поднесе неотповиклива оставка во екот на подготвувањето на пописот. Оставката се случи поради несогласувања и политички притисоци околу начинот на спроведување на пописот, што ја загрози неговата легитимност.

Пописот се одржа во, за тоа време, специфична политичка ситуација по конфликтот во 2001 година, а оставката на Крстевски создаде несигурност за кредибилноста на резултатите. Оставката беше проследена со бурни реакции во јавноста, одбивање да се прифатат резултатите, и апели за преиспитување на процедурите, но пописот продолжи под покровителство на Владата на СДСМ и ДУИ која стапи на власт по изборите во септември 2002 година.

Пописот, во таква нелегална атмосфера, со оставка на претседателот на пописната комисија, “утврди“ дека во Македонија има 2,022,547 жители.

Попис 2002 година
Попис 2002 година

Последниот попис е одржан во септември 2021 година, на излез од епидемијата Ковид 19. Пописот првично требал да се оствари во април 2020 година, но потоа бил презакажан за април 2021 година, па повторно презакажан за септември. 

Според тој попис од 2021 година во Македонија има 1.836.713 жители.

Овој попис, најблаго речено, беше скандалозен. Партијата Левица (Димитар Апасиев) и Десна (Љупчо Паслевски Палчо) како и неколку нивни сателитски невладини организации повикаа на бојкот на пописот! Со тоа најмалку 130.000 граѓани Македонци ја прифатија нивната иницијатива и одбија да се попишат со што се добива нереална слика за етничката состојба во државата без податоците за “бојкотирачите“ со што се намали бројот на етнички Македонци во државата.

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека 132.000 Македонци не биле потпишани на пописот, а го потенцираа и нераспознавањето на тоа кои граѓани се христијани а кои православни по вероисповед, што беше нов елемент во тој попис според кој христијаните и православните се сметаа за различни верски групи. Поради ова, партијата го прогласила пописот за некомплетен.

Попис 2021, промени во населението период 2002 - 2021 год.
Попис 2021, промени во населението период 2002 - 2021 год.

Двата пописи се вршени со директен контакт со населението, со тоа што на последниот попис од 2021 граѓаните немаа увид што попишувачот пишува како краен пописен податок за граѓанинот и ден денес граѓаните немаат увид, можност да дознаат какви податоци од тој попис се внесени за нив. 

Во Европа, со децении наназад, пописите како статистичка операција се вршат по електронски пат, денес и дигитално, со вкрстување на податоци од повеќе бази за граѓаните и имотите кои дефинитивно даваат реален резултат наместо политизирање со попишувачи кои земаат податоци лично а непознат е бројот од колку граѓани се земни копии на лични карти а не оригинали, или не се змени податоци и зошто, како што е непознато и за јавноста непроверливо кои податоци се впишани во системот.

ДАЛИ И МАКЕДОНИЈА, КОНЕЧНО, ЌЕ ДОБИЕ ЕЛЕКТРОНСКИ ПОПИС?

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска за најавата на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски дека следниот попис на населението ќе се спроведура електронски, нагласи дека битно е тој да биде спроведен на најдобар и кредибилен начин.

-Мислам дека тоа е прашање на надлежните институции што ги спомнавте одговорни за да го спроведуваат тоа. Ако тие се чувствуваат подготвени, одлично е. Ние немаме нешто против да биде што полесно. Битно е пописот да биде спроведен на најдобар и кредибилен начин, да веруваат граѓаните дека информациите се кредибилни. Начинот како ќе се извршува, ако е најлесен тој дигитален начин или најкредибилен, тогаш одлично, се согласувам и јас. Нема никаков проблем – рече Гаши на денешниот брифинг со новинарите.

Во однос на тоа дека во следниот попис ќе биде опфатено само резидентното население, претседателот на Собранието порача дека треба што помалку политизирање на таквите процеси.

Пописот е статистичка постапка која се спроведува според ЕВРОСТАТ, тоа се меѓународните критериуми, треба да ги следиме. Што помалку политизирање на таквите процеси, тоа подобро. За жал, склони сме да политизираме се и си правиме штета сами на себе. Ако ги гледаме објективно работите зошто ни требаат тие постапки, би имале друг пристап. Јас сум склон на деполитизирање на процесите – потенцира Гаши.

Министерот Стефан Андоновски на 3 април изјави дека целта е следниот попис на населението да биде електронски. Директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков на заедничката прес-конференција со Андоновски, тогаш нагласи дека следниот попис на населението е планирано на глобално ниво да се спроведе во 2030 година и посочи дека целта е следниот попис на населението да биде спроведен електронски, односно со користење административни извори.

Јасно е, тоа беше наведено и во програмата на Владата и во програмата на партијата, дека во 2026 година треба да се работи на тоа, но ги знаеме правилата на Евростат дека тоа се случува на 10 години, што значи дека ние во овој период мораме да работиме на сите регистри, на интероперабилноста на податоците, за да бидеме подготвени да го направиме тоа. Имаме време од денес до рокот кога треба да се спроведе тој попис, да ги тестираме фазите, секако под водство на Државниот завод за статистика, и сме сигурни дека во моментот кога ќе дојде пописот, ќе им веруваме и на резултатите и на методологијата врз основа на која тој ќе биде направен – изјави Андоновски.

Во однос на резидентното и нерезидентното население, Станков вели дека е позната појава дека населението што стекнува резидентен статус во странство не го одјавува својот резидентен статус во државата и тоа е една од главните слабости, но тие слабости ги надминуваат, вели, со статистички методи. – Затоа велам дека не можеме единствено да се потпираме на еден административен регистар.

Затоа ние, во рамките на статистичкиот регистар на население, користиме повеќе регистри и статистичка методологија, која овозможува точно детектирање на резидентноста на населението и елиминирање на овие поединечни слабости – изјави Станков.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk