logo
logo
logo

77 години Македонски народен театар

Vecer | 04.04.2022

77 години Македонски народен театар

Седумдесет и седум години Македонски народен театар, години неизмерна љубов кон сцената, години во кои македонскиот збор тече од сцената жедно впиван од публиката,77 години актерска игра. Запишано е — „На 3 април 1945 се случи празникот на македонскиот театар: премиера на 'Платон Кречет'. Во свечената тишина прозвучи првата реченица на артистката Вера Вучкова: 'Колку е блиску сонцето'. Подигнатата завеса го отвори МНТ, кој започна без вистински традиции за сопствен театар и без доволен професионален актерски, технички и режисерски кадар, но со огромна желба и страст. И со публиката која е „гладна" за тој сценски збор и која како што е запишано „... го полнеше театарот до последно место. Колку што долги беа редовите пред продавниците за хлеб толку беа долги и пред шалтерот на театарската билетопродавачница". Со целата своја енергија и творечка сила оваа прва група актери, режисерот, сценографот и преведувачот го започнаа патот на уметничко-сценското создавање на оваа сложена уметност – театар.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk