logo
logo
logo

Лекарите ќе евидентираат насилство дури и БЕЗ ПРИЈАВА ОД ЖРТВАТА

Vecer | 23.04.2026

Лекарите ќе евидентираат насилство дури и БЕЗ ПРИЈАВА ОД ЖРТВАТА

Здравствениот систем во иднина ќе добие нова функција во борбата против насилството, која ќе им овозможи на лекарите официјално да евидентираат случаи на пациенти со повреди од насилство, независно од тоа дали жртвите одлучиле самите да го пријават инцидентот. 

Според министерто за здравство, Азир Алиу, ваквата евиденција ќе овозможи навремено препознавање на жртвите и поефикасно следење на случаите, особено кога станува збор за рецидивизам, односно ситуации каде насилството се повторува во континуитет.

Тој рече дека се координираат со Светската здравствена организација, која, нагласи, јасно ги дефинира насоките како ќе се третираат пациенти што претрпеле насилство.

- Идејата е да создадеме протокол што ќе има „уан стоп“ (one stop) центар, кој ќе биде дел од болниците во кои нема да биде само лекарот, туку ќе има и психолог и правник, кој од законски аспект ќе ги третира процесите. Така што, ова се протоколите, кои се стандардизирани, ние ќе ги земеме и ќе ги спроведеме во здравствениот систем, додаде министерот за здравство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk