Македонската градежна компанија PMG CONSTRUCTION постигна голем европски успех, освојувајќи ја наградата на јавното гласање на престижниот натпревар Baumit Life Challenge 2026, кој се одржа во Будимпешта, Унгарија.
Со овој успех, PMG CONSTRUCTION уште еднаш ја потврди својата позиција меѓу најдобрите компании во Европа во областа на фасадната архитектура и современото градежништво.
Ова беше четврто учество на македонската компанија на овој реномиран европски натпревар, а зад себе веќе имаа значајни резултати – победа на јавното гласање во Валенсија, Шпанија во 2022 година, како и победа во Љубљана, Словенија во 2024 година, каде што беа и финалисти избрани од стручното жири.
Baumit Life Challenge важи за еден од најпрестижните европски натпревари за фасадна архитектура и дизајн, на кој учествуваат стотици проекти од повеќе европски држави. Натпреварот ги наградува најиновативните и највпечатливи фасадни решенија, а победниците се избираат преку комбинација на оценки од меѓународно стручно жири и јавно гласање.
Успехот на PMG CONSTRUCTION претставува значајно признание не само за компанијата, туку и за македонската архитектура и градежна индустрија, кои добиваат сè поголемо внимание и признание на европската сцена.
„Ова е голема чест и потврда за нашата посветеност, квалитет и визија. Благодарни сме на сите што гласаа и дадоа поддршка“, велат од PMG CONSTRUCTION.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата