Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска изјави дека укинувањето на балансерот било неопходно поради коруптивните ризици што ги создавал посочувајќи истовремено дека прашањата за нерезидентното државјанство, односите со Бугарија и енергетските политики се комплексни и мора да се решаваат преку уставни принципи, јавна дебата и почитување на човековите и еколошките стандарди.
Во изјава за медиуми по отворањето на „Генералка викенд“, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека т.н. балансер, во формата во која постоеше, суштински водел кон корупција и криминализација.
- Не мислам дека воопшто станува збор за уривање бидејќи балансерот, таков каков што беше, суштински водеше кон корупција и криминализација. Назначувањето на највисоките позиции беше лоцирано во рацете на поединци и тие стекнуваа енормна, речиси султанска моќ. Не го укинавме балансерот затоа што така сакавме, туку затоа што тоа беше наведено во извештајот - рече Сиљановска-Давкова.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата