logo
logo
logo

Лабудовиќ: За промени во Центар гласаа 68% од гласачите, СДСМ ГО ДОСТИГНА СВОЈОТ МАКСИМУМ ВО ПРВИОТ КРУГ

Vecer | 24.10.2025

Лабудовиќ: За промени во Центар гласаа 68% од гласачите, СДСМ ГО ДОСТИГНА СВОЈОТ МАКСИМУМ ВО ПРВИОТ КРУГ

-Од вкупно излезените гласачи во првиот круг на локалните избори за Општина Центар, 68 проценти гласаа за промени. Тоа е сериозна бројка која што верувам дека ќе се покаже во вториот круг и ќе извојуваме победа, порача Мирослав Лабудовиќ, кандидат на ЗНАМ за градоначалник на Општина Центар, во вечерашното издание на  „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Кога излегувате на гласање, имате тројца кандидати кои што се борат за градоначалничката функција и четврти кандидат кој ја брани, кој е актуелен. Во еден случај би бил загрижен, доколку сите четворица се боревме од позиција на нови кандидати. Во тој случај можеби требаше да размислувам повеќе и да бидам загрижен. Меѓутоа во овој момент, со целосната анализа на податоците, гледаме дека актуелниот градоначалник го исполнил својот максимум. За него гласале 38 проценти од излезените гласачи или некаде 19 проценти од запишаните. Кога ќе ја погледнеме вкупната бројка на граѓани кои ја дале поддршката за промени, тогаш излегува дека над 12.000 гласачи гласале за промени“, вели Лабудовиќ.

Во изборниот процес, вели тој, влегол непознат во јавноста и малку подоцна започнале со кампањата.

„Презадоволен сум од бројката на гласови што ги освоив во првиот круг. Тоа што нè очекува во вториот круг е да ги валоризираме и да ги собереме на еден куп незадоволните гласачи, оние кои што бараат промена, бидејќи тоа се очекува“, смета Лабудовиќ.

Верувам дека мнозинството од 68-те проценти на гласачи кои се за промени, ќе излезат и ќе дадат поддршка во вториот круг, рече Мирослав Лабудовиќ, кандидат на ЗНАМ за градоначалник на Општина Центар.

„Со Билјана имаме ист концепт и визија за Центар. Тоа го тврдам, бидејќи дури и кога разговаравме, се надополнувавме. По влегувањето во Општината, ќе бидат заедно со сите советници од сите политички партии и движења. Имаме заеднички делови од програмите, ќе седнеме, ќе направиме сублимат и тие ќе бидат првите проекти кои ќе ги реализираме. Бидејќи само сложна Општина, надвор од партиските интереси, може да ја доведеме во визијата што ја имам јас, меѓутоа и на граѓаните во Центар, а таа не е ова што сега нѝ се случува“, истакна Лабудовиќ.

Покана за учество во вечерашната „Топ тема“ била испратена и до актуелниот градоначалник на Општина Центар и кандидат за нов мандат од коалицијата предводена од СДСМ, Горан Герасимовски кој, сепак, го откажал настапот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk