logo
logo
logo

НОВА ЕВАКУАЦИЈА ОД ИЗРАЕЛ, четиричлено семејство се транспортира во Македонија

Vecer | 23.06.2025

НОВА ЕВАКУАЦИЈА ОД ИЗРАЕЛ, четиричлено семејство се транспортира во Македонија

Четиричлено семејство утре треба да биде евакуирано од Израел. Како што соопштува Министерството за надворешни работи, мајка заедно со три деца ќе бидат пренесени со лет од Тел Авив до Атина, со што од Израел ќе бидат евакуирани вкупно 25 македонски граѓани.

- Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека за утре е потврдена евакуација на четири лица, односно едно семејство (мајка и три деца).

Местата се обезбедени преку израелското министерството за транспорт, во рамки на организираните летови кои се користат за евакуација на странски државјани од Израел. Летот е планиран од Тел Авив до Атина.

Согласно оваа, како и претходната евакуација реализирана со владин авион на 17 јуни, заклучно со 23 јуни, вкупниот број на заинтересирани македонски државјани за евакуација од Израел изнесува 25.

Меѓутоа, не сите изразиле подготвеност тоа да го направат веднаш. Се очекува следните денови дополнителен број на наши државјани да добијат можност за евакуација од Израел.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку Амбасадата во Тел Авив, останува во постојана комуникација и целосно на располагање на македонските државјани сè до нивната безбедна евакуација - се нагласува во соопштението испратено до медиумите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk