Ниту еден експерт не може со сигурност да предвиди колку долго ќе трае, односно колкава е опасноста од натамошно ширење на тензиите помеѓу Израел и Иран, оцени директорот на „Џонсон Мети“, Боријан Борозанов, во дебатна емисија.
Тој нагласи дека, на кус рок, очекувано е да се појави дополнителен притисок врз транспортните правци и синџирот на снабдување, особено доколку дојде до ескалација на случувањата во Црвеното Море. Според Борозанов, логистичкиот тек од Кина кон Европа веќе две до три години е под ризик, а најновите состојби дополнително може да ја усложнат ситуацијата.
На долг рок, според него, треба да се види како ќе се одвиваат работите, бидејќи порасна и цената на нафтата. „Прашање е колку и на кој начин тоа ќе се стабилизира. Оваа нова неизвесност ќе донесе пад во глобалниот економски развој“, истакнува Борозанов.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата