logo
logo
logo

Перински: За да се изедначат разликите меѓу регионите, најразвиениот ќе добива најмалку средства

Vecer | 11.03.2025

Перински: За да се изедначат разликите меѓу регионите, најразвиениот ќе добива најмалку средства

„Македонија, за жал, каска во однос на рамномерниот регионален развој, што генерално, се должи на несоодветните политики на претходните власти“, рече најави министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

Перински појасни дека Министерството за локална самоуправа сега спроведува две програми, едната Програма за рамномерен регионален развој, која врз основа на степен на развиеност на регионите ги креира политиките во насока на развојот, а другата Програмата за диспаритети, која има за цел да ги намали разликите меѓу регионите.

„Врз основа на коефициентот на развиеност на регионот, најразвиениот добива најмалку средства од соодветната програма, се со цел да се изедначат разликите. Средствата можеби се незначителни да се смени сликата, но затоа ни стојат на располагање огромни фондови и од Европската Унија и од сите останати можности и треба да се искористат“, истакна Перински, кој посочи дека еден од приоритетите на Министерството е фокусирање на политиката на регионален развој, бидејќи таа практично е иднината на земјата.

За таа цел, порача министерот, се користат искуствата и позитивните практики од земјите од регинот, меѓу нив од пријателска Словенија и Унгарија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk