logo
logo
logo

МИНЧЕВ ОД ОХРИД: ЗАСИЛЕНА ТЕРЕНСКА МОБИЛИЗАЦИЈА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗНАМ

Vecer | 04.07.2026

МИНЧЕВ ОД ОХРИД: ЗАСИЛЕНА ТЕРЕНСКА МОБИЛИЗАЦИЈА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЗНАМ

Во рамки на теренските активности кои го одбележуваат работното лето на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, генералниот секретар Горан Минчев, денес оствари работна посета на Општинската организација во Охрид, активност која се реализира како дел од поширокиот караван „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“.

На состанокот со Извршниот одбор во проширен состав беа дискутирани актуелните организациски прашања, динамиката на реализација на програмските активности, како и приоритетите за натамошно јакнење на внатрешната кохезија и функционалност на движењето.

Посебен акцент беше ставен на доследната имплементација на одлуките на Централниот одбор, со фокус на изборните постапки за делегати и процесот на номинирање кандидати за координативните тела на Клубот на млади и Клубот на жени, како дел од стратегијата за поширока вклученост и кадровско освежување.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија продолжува со засилена политичка активност, конзистентно присуство на терен и постојан дијалог со членството и граѓаните, со цел унапредување на внатрешната кохезија и операционализација на одлуките на Централниот одбор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk