logo
logo
logo

ФАТЕН НА ДЕЛО - Македонски државјанин се обидел да прокриумчари стотици пури преку Табановце

Vecer | 10.06.2026

ФАТЕН НА ДЕЛО - Македонски државјанин се обидел да прокриумчари стотици пури преку Табановце

Поголема количина на пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Против лицето К.Б. македонски државјанин, е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење. Осомничениот е возач на автобусот вработен во компанија која врши меѓународен патен превоз.

Како што информираат од Царинската управа, во конкретниот случај, мобилен царински тим, поради основано сомневање го застанал автобусот на детална контрола при што под седиштата, како и во фабричка шуплина се пронајдени вкупно 312 парчиња пури од различни производители. Избегнатите давачки се проценети на 174,9 илјади денари. Акцизните производи, кои се предмет на обид за криумчарење се запленети и со донесување на наредба од ОЈО Куманово ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.

Царинската управа, велат оттаму, продолжува со засилени контроли со цел спречување на нелегална трговија со акцизни производи, заштита на финансиските интереси на државата, заштита на здравјето на граѓаните и овозможување услови за фер економија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk