logo
logo
logo

ЗНАМ до Апасиев: ЕВТИН ШИБИЦЕР И ФЕЈСБУК РЕВОЛУЦИОНЕР. ТОЧКА

Vecer | 25.09.2025

ЗНАМ до Апасиев: ЕВТИН ШИБИЦЕР И ФЕЈСБУК РЕВОЛУЦИОНЕР. ТОЧКА

Средствата за рекламирање за претстојните локални избори се распределени по упатството на АВМУ и насоките на ДИК. Се е транспарентно, по јасни правила и закони, а не по желби и апетити на алчни политичари.

Точка.

Нема простор за плачење и театар.

Апасиев, „револуционер“ на фејсбук статуси, а во реалност евтин шибицар, денес држи лекции за правда.

Човек кој до вчера беше советниче со дебел хонорар во СЈО - институција чиј начин на работа создаде серија сомнежи и контроверзии, а денес својата партија ја третира како личен банкомат, како личен џеб, по принципот кога сакам - вадам, кога сакам - трошам.

Му порачуваме: Димитар Апасиев, пред да држиш лекции за правда, заврзи си го џебот – таму ти е единствената „револуција“, во парите што ги вадиш за себе и за дружината околу тебе.

Оди кај Венко Филипче, човекот со златна виза подготвен за бегство од државата и мераклија за јахти по Медитеранот.

Ти и тој сте совршен тандем, еден краде од здравството, друг краде од сопствената партија.

И двајцата на крајот ќе завршите на поклон и баци рака кај вашиот газда Али Ахмети, таму каде што секогаш завршуваат продадените души.

Народот гледа.

И знае.

Се вели во обраќањето на ЗНАМ до јавноста по повод објавата на Левица дека не и се даваат пари за избори од буџетот па тие трпеле штета, според нив, од 400.000 евра!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk