Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, се сретна со неговата данска колешка Мари Бјере, во пресрет на данското претседателство со Советот на ЕУ. Разговорите се фокусираа на проширувањето на Европската Унија, Планот за раст, реформските приоритети на нашата држава и унапредувањето на билатералната соработка. Присутните изразија задоволство што Скопје ќе биде домаќин на претстојниот Самит на лидерите од Западен Балкан.
Ви препорачувам да го искористите овој период. Како претседавачи со Советот на Унијата, нашата улога е конструктивна и имаме намера заеднички да процениме каде може да се зајакне соработката и да се постигне нов напредок. Северна Македонија веќе евидентно напредува, но остануваат делови каде ќе дадеме поддршка.
Муртезани нагласи дека трите патокази за реформите веќе се доставени до Европската комисија и секојдневно се работи на нивната финализација преку онлајн состаноци. Тој додаде: "Очекувам наскоро сите три патокази целосно да бидат завршени, што значи дека технички Северна Македонија ќе биде подготвена за отворање на кластерот Фундаментали. Акцискиот план е испратен до Советот на Европа каде што се очекуваат коментари од експертите, а понатаму следи процедура за негово формално усвојување и доставување до Комисијата."
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата