logo
logo
logo

ДРОМЦИ ГРАДАТ КАРИЕРА ЗА КОНТЕЈНЕРИ, вандализираат низ Аеродром со денови (ВИДЕО)

Vecer | 20.06.2026

ДРОМЦИ ГРАДАТ КАРИЕРА ЗА КОНТЕЈНЕРИ, вандализираат низ Аеродром со денови (ВИДЕО)

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески објави видео снимка од надзорна камера на која се гледа како неколкумина млади превртуваат контејнери, се возат врз нив, ги шутираат…

„Два дена по ред, околу 22:30 часот, иста група млади лица со мотори вандализира училишен двор во Аеродром. Превртуваат контејнери, оштетуваат урбана опрема и оставаат неред во простор наменет за учениците и граѓаните“, напиша Митевски.

Градоначалникот вели дека лицата се идентификувани и дека е поднесена соодветна пријава.

„За жал, вакво однесување е забележано на повеќе локации низ општината, со уништување на урбана опрема, детски игралишта и други јавни содржини. Поради тоа, во соработка со МВР ќе бидат засилени контролите и надзорот на критичните локации.

Погледнете го видеото и видете како изгледа неодговорното однесување кое нема да биде толерирано“, напиша Митевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk