logo
logo
logo

Тошковски најави НОВИ ОВЛАСТУВАЊА ЗА ПОЛИЦИЈАТА - насилникот веднаш надвор од домот!

Vecer | 27.04.2026

Тошковски најави НОВИ ОВЛАСТУВАЊА ЗА ПОЛИЦИЈАТА - насилникот веднаш надвор од домот!

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави клучни законски измени кои на полицијата и даваат нови, поголеми овластувања за итна заштита на жртвите од семејно насилство. Главната новина е воведувањето итна мерка која полицискиот службеник ќе може да ја изрече веднаш на терен, без претходна согласност од жртвата или чекање судска одлука.

Ова овластување предвидува полицијата, врз основа на проценка на ризикот, веднаш да го отстрани сторителот од домот и да му забрани секаков контакт со жртвата во траење до 48 часа. По овој рок, Судот одлучува дали мерката ќе биде укината или продолжена до 30 дена. Паралелно со овие измени, МВР работи на обезбедување „боди-камери“ за полицајците, со цел точно документирање на интервенциите и спречување на релативизирањето на настаните во судските постапки.

„Клучната промена е во воведување на ново полициско овластување со кое што полицискиот службеник... ќе може веднаш да изрече итна мерка за заштита на жртвата, односно сторителот да го отстрани од домот, да му забрани приближување и да му забрани контакт со жртвата.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk