logo
logo
logo

Милошоски: ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ БЕГАЛСКИ КАМПОВИ

Vecer | 07.12.2025

Милошоски: ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ БЕГАЛСКИ КАМПОВИ

Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ, а тоа, како што рече денеска на прес-конференција пратеникот Антонио Милошоски, во изјава го потврдил и амбасадорот на Oбединетото кралство во земјава.

– Британија откако излезе од ЕУ со сите земји од Западен Балкан, но и со самата ЕУ  склучува вакви договори каде што Британија ја враќа легалната основа на Фронтекс за борба против организирана, нелегална, миграција….Тоа го прави со овој дополнителен механизам кој е комплементарен со Фронтекс. И на крај, нема подобар демант за ваквите спинови од на некои опозициони партии од изјавата на британскиот амбасадор кој изјави дека Британско – македонскиот стратешки договор предвидува и потврдува  инвестирање во инфраструктура, во образование  и во одбрана, но не предвидува во Македонија изградба на бегалски кампови во Македонија – рече Милошоски.

Тој реагираше на изјавите на опозиционите партии кои се потпираат на текст на британски медиум дека Британија преговара со Македонија прима депортирани одбиени азиланти во земјава. Според објавите, двете држави од есенва биле влезени во формални преговори за да се реализира овој план.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk