logo
logo
logo

Спасовски три месеци го кочел затворањето на станицата за технички во Сарај и овозможил незаконски профит од 90.000 евра

Vecer | 12.12.2025

Спасовски три месеци го кочел затворањето на станицата за технички во Сарај и овозможил незаконски профит од 90.000 евра

Оливер Спасовски овозможил противзаконско богатење на фирма во Сарај, со што фирмата се здобила со противправна имотна корист во висина од над 5,5 милиони денари или околу 90 000 евра, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Спасовски ја злоупотребил својата службена положба и овозможил на станицата за технички преглед да се стекне со против правна имотна корист од 90 000 евра додека го чувал во фиока решението за затворање на станицата каде меѓу другите поминал и автобусот на Беса Транс во кој загинаа 45 луѓе во Бугарија, додаваат во соопштението.

„Зошто Спасовски 3 месеци не го потпишувал решението за затворање на станицата и го чувал во фиока? Дали зад заштитата на Спасовски стои нешто друго?

Зошто Спасовски дури 3 дена по несреќата на Беса Транс го ставил својот потпис на решението?

Колку возила кои ја загрозиле безбедноста во сообраќајот ја поминале контролата на тој технички преглед?

Оливер Спасовски ја загрозил безбедноста на илјадници возачи низ државата. ЈО веднаш да постапи.

СДС наместо да се огради ги штити криминалците во своите редови“, потенцираат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk