logo
logo
logo

ЗОШТО ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ДЕЛУВА ЗА ОВОЈ ДЕЛ ОД СУДЕЊЕТО НА ПАЛЧО? Кој е загрозен и со што

Vecer | 09.08.2025

ЗОШТО ОБВИНИТЕЛСТВОТО НЕ ДЕЛУВА ЗА ОВОЈ ДЕЛ ОД СУДЕЊЕТО НА ПАЛЧО? Кој е загрозен и со што

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Александар Ѓорчески, во случајот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, упати сериозни критики до институциите и постави низа прашања поврзани со текот на истрагата, но и со безбедносниот систем во земјата.

Не добивме одговор на клучното прашање – зошто истрагата не тргна во насока на сознанијата кои постоеја уште првиот ден?“, рече Туфегџиќ во „Претрес со Ландов“, посочувајќи на сознанието од сведочењето на Велибор Манев дека групата осудени подолго време правела планови за киднапирања и убиства, а составувале и списоци со потенцијални жртви уште од септември 2022 година“.

Според него, постои сомнеж дека дел од фокусот на истражните органи бил намерно пренасочен.

„Зошто истрагата толку упорно се обидуваше да го инволвира таткото на жртвата? Дали тоа беше направено за да се дефокусира јавноста од вистинската причина – постоење на организирана група за ликвидации?“, праша адвокатот.

Туфегџиќ оцени дека Обвинителството мора да ја продолжи истрагата и да даде одговор на клучните прашања: што правеле безбедносните служби кога група со таков капацитет се движела низ државата, и дали некој од институциите обезбедувал логистичка поддршка?

Да не се лажеме, ова не може да го организира поединец, без поддршка или логистика од внатре. Оваа истрага не смее да заврши – туку треба да се прошири“, порача Туфегџиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk