logo
logo
logo

Зголемена безбедност: ДЗС со нови обучени пилоти за гаснење пожари

Vecer | 23.03.2026

Зголемена безбедност: ДЗС со нови обучени пилоти за гаснење пожари

На предлог на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, двајца нови пилоти успешно ја завршија преобуката во Шпанија за дејство со противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС со што се стекнаа со сертификат за оспособеност за летање во сите услови за гаснење пожари на отворено.

Со ова, по синоќешното враќање на пилотите од Шпанија, ДЗС ќе ја пречека претстојната летна сезона на пожари на отворено со вкупно пет пилоти коишто имаат светски признати дозволи да летаат со противпожарни авиони какви што поседува ДЗС, „ер трактор“ амфибија (што можат да полнат вода и од езера), соопшти ДЗС.

Конкретно, од страна на ДЗС, благовремено беа исполнети сите неопходни услови за двајцата вработени пилоти во ДЗС, инаку со богата летачка работна биографија, пензионираниот полковник Роберт Малезански и Горан Блажески, на почетокот на март да бидат испратени на тринеделна преобука во европскиот референтен тренинг центар за воздухопловна противпожарна борба „Титан“ во Шпанија (АТА Titan Aerial firefightning,

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk