logo
logo
logo

НИ ДОАЃААТ НАШИТЕ, над 12.000 за еден ден

Vecer | 20.12.2025

НИ ДОАЃААТ НАШИТЕ, над 12.000 за еден ден

Новогодишните празници ја враќаат дијаспората во земјата – има зголемување на протокот на возила на граничниот премин Табановце што влегуваат во земјата, а се очекуваат поголеми конвои возила во наредните денови.

Официјалните бројки од Министерството за внатрешни работи покажуваат дека само во последните 24 часа, над 12.000 наши граѓани влегле на сите гранични премини во земјата. Во меѓувреме, над 3.000 странци ја напуштиле Македонија.

„Вчера од 10 часот наутро до денес во земјата влегле 12.510 македонски државјани, додека 3.376 македонски државјани ја напуштиле земјата. Што се однесува до странските државјани, во истиот период во земјата влегле 6.225 лица, додека 3.142 лица ја напуштиле Македонија“, изјави Гоце Андреевски, портпарол на Министерството за внатрешни работи.

Германија, Австрија и Швајцарија се најчестите дестинации од каде што нашите граѓани се враќаат за новогодишните празници, додека надлежните велат дека се очекува поголем прилив на граничните премини во наредните денови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk