logo
logo
logo

„МЕ ИСПРАТИЈА НА ФРОНТОТ КАЈ МАРИУПОЛ“, сведочи Македонец кој лежи во „Идризово“ осуден за учество во војната во Украина

Vecer | 10.09.2025

„МЕ ИСПРАТИЈА НА ФРОНТОТ КАЈ МАРИУПОЛ“, сведочи Македонец кој лежи во „Идризово“ осуден за учество во војната во Украина

37-годишниот Љупчо Бојчевски од Скопје е единствениот Македонец осуден на затворска казна за учество во странска војска во конфликтот во Украина, борејќи се на руска страна. Тој е осуден на четири години затвор, а на судењето изјавил дека се кае за стореното, што е забележано и во пресудата, јавува Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според законот воведен во септември 2014 година, целта е да се спречи заминување на македонски државјани во странски конфликти, претходно поврзани со формации како ИСИС.

Случајот на Бојчевски е прв поврзан со војната во Украина, која започна со руската инвазија во 2022 година.

Бојчевски бил регрутиран преку затворена група на апликацијата „Телеграм“ и отпатувал од Скопје до Москва пред да биде упатен на фронтот кај Мариупол. Тој на фронтот не бил сам – со него бил и неговиот другар Тони Шегмановски, кој подоцна починал во Скопје.

– Бев на забрзана обука и веднаш испратен на фронт. Сум видел непријатни сцени и колеги кои правеле ѕверства – изјавил Бојчевски. Тој тврди дека се борел од лични убедувања и дека месечно требало да добива 3.000 евра.

Државните институции нагласуваат дека ова се индивидуални случаи и нема организирано регрутирање на македонски државјани за конфликтот во Украина. Македонија ја осудува руската инвазија и ја поддржува меѓународната политика за санкции против Москва.

Целата сторија прочитајте ја на Радио Слободна Европа.

Фото: РСЕ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk