logo
logo
logo

Димитров: Бугарија останува најчест предизвик за Македонија во јавноста

Vecer | 19.06.2025

Димитров: Бугарија останува најчест предизвик за Македонија во јавноста

Неколку години по ред, според анкетите што опфаќаат прашања како „која држава ни прави пречки“ или „каде гледаме непријателство“, Бугарија е на прво место. Решавањето на спорот со Грција ја тргна оваа земја од фокусот на јавноста, но проблемите со источниот сосед остануваат најактуелни.

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров вели дека нашата држава се соочува со нерешен и комплексен проблем кој е дополнително усложнет поради европскиот интеграциски процес и прашањата за реформа. Димитров истакна дека додека бил вицепремиер за евроинтеграции, постојано укажувал дека вклучувањето на идентитетските и историските теми во пристапните преговори ќе отвори Пандорина кутија за проширувањето на Европската унија.

Колку и да тврдиме дека се работи за преседан кој нема да се повтори, секогаш постои ризик некоја друга земја да повлече слично прашање во иден процес. Освен комесарот Вархеји, кој според мојот став одигра негативна улога, нема ниту еден друг официјален претставник на ЕУ или друга институција во Брисел која се залагаше за мешање на пристапниот процес – Копенхагенските критериуми, демократија и економски реформи – со состојба што е толку тешка бидејќи допира до идентитет, историја и јазик.

изјава на Никола Димитров

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk