logo
logo
logo

Да не ве лажат пред изборите, ЕВЕ КОЛКУ ПОРАСНАЛЕ ПЛАТИТЕ ПОСЛЕДНАВА ГОДИНА, а колку е инфлацијата

Vecer | 26.08.2025

Да не ве лажат пред изборите, ЕВЕ КОЛКУ ПОРАСНАЛЕ ПЛАТИТЕ ПОСЛЕДНАВА ГОДИНА, а колку е инфлацијата

Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер како министер за здравство, но сега откако беше на јахтата на Заев и тоа малку што го имал го нема. Народот денес е побогат од времето на СДС. Единствена разлика е што нема милиони за него и Заев од државниот буџет, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставови на Венко Филипче.

Бројките се секогаш тврдоглави, а тие го говорат следното:

Растот на просечната нето-плата во период од последната година кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт е 10.3%, за разлика од периодот кога СДС беше на власт, кога просечната плата порасна за 8.3%.

Уште поголем удар за СДС е фактот што реалниот пораст на просечната плата во период на ВМРО-ДПМНЕ е двојно поголем од периодот на СДС. Имено порастот на реалната плата во време на ВМРО-ДПМНЕ е 6.7%, за разлика од 3.5% во време на СДС. Тоа значи дека стандардот на граѓаните сега, е поголем од времето кога СДС беше власт.

Кога сме кај инфлацијата, и таму бројките се лоши за СДС. Имено во време на СДС инфлацијата во просек изнесувала 4.8%, за разлика од сега кога во просек е 3.6%.

СДС и Филипче може да лажат колку сакаат, но едно не можат да сменат, а тоа е реалноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk