logo
logo
logo

И државните муваат: ЗАПИШАНИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ, А ТИЕ НЕ НИ ДИПЛОМИРАЛЕ

Vecer | 21.04.2026

И државните муваат: ЗАПИШАНИ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ, А ТИЕ НЕ НИ ДИПЛОМИРАЛЕ

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, потврди дека на Филозофскиот факултет имало нерегуларности при упис на магистерски и докторски студии.

Констатирани се нерегуларности на Филозофскиот факултет, но не при упис на додипломски туку при упис на постдипломски, втор и трет циклус студии. Државниот просветен инспекторат постапуваше, донесе заклучоци, го информираше факултетот.

Факултетот треба да постапи и, колку што мене ми е познато, постапува. Јас го чекам конечниот извештај, откога ќе помине рокот за постапување за да, како овластен министер во таа област, го донесам и конченото решение“, рече министерката денес одговарајќи на новинарски прашања по едукативниот настан за основци во Скопје „Зеленикс – од предизвик до иновација“.

Објаснување за случувањата на прес-конференција попладнево најави дека ќе даде и деканот на Филозофскиот факултет, Оливер Бакрески по објавите дека на факултетот на постдипломски и докторски студии биле запишувани студенти без завршени додипломски студии.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk